Денеска завршува 5-то коло во Лигата на фудбалските шампиони кое може да промовира дел од екипите како сигурни патници во елиминацискиот дел.
Дербито ќе биде меѓу непоразените Арсенал и Баерн Минхен а внимание привлекува и пресметката меѓу бранителот на тронот ПСЖ и Тотенхем. Тука може да се стави и мечот Атлетико Мадрид-Интер. На другите терени ќе играат: Копенхаген-Каират, Пафос-Монако, Ајнтрахт Франкфурт-Аталанта, Ливерпул-ПСВ, Олимпијакос-Реал Мадрид и Спортинг-Бриж.
За денешните возбудувања во фудбалската елита на Европа слушајте во вечерниот дел на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

