Кристијано Роналдо ќе има право да игра на првиот натпревар на Португалија на Светското првенство во 2026 година откако му е намалена казната на само еден меч за црвениот картон заработен против Ирска.
Дисциплинската комисија на ФИФА првично му изрече суспензија од три натпревари на Поругалецот но, два се поништени. Тоа значи дека Роналдо ја одлежа суспензијата бидејќи не играше на мечот со Ерменија.
Одлуката е условна и првичната казна од три средби може да се врати на сила доколку Кристијано заработи ново исклучување во текот на една година.

