Алесандро Дел Пјеро, имаше пофални зборови за младиот фудбалер на Јувентус, Кенан Јилдиз, кој има забележителни настапи во континуитет. Легендарниот играч на „старата дама“ исто така реагираше и на играта што ја покажува тимот од Торино.
„Јувентус треба да покаже карактер во моментите кога е потребно. Клучно е за нив да ја завртат сезоната“ – рече поранешниот фудбалер.
„Доаѓањето на Лучијано Спалети им даде емотивен поттик но, тоа треба да се поддржи на теренот со големи победи. Навивачите го очекуваат токму тоа“ – нагласи легендата на Јуве.

