Денеска и официјално му истече договорот на Благоја Милевски со Фудбалската федерација на Македонија за селекторската работа.
Управниот одбор на ФФМ денеска ќе одлучува за натамошната иднина на селекторското место, но сите шпекулации во фудбалските кулоари навестуваат дека Милевски нема да добие нов договор, а во следниот период ќе биде назначен нов селектор на националниот тим.
Како прв фаворит се споменува актуелниот тренер на лидерот во домашното првенство, Вардар, Гоце Седлоски.

