Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, верува дека бранителот на титулата во Серија „А“ сега има посилен состав за разлика од претходниот шампионат.
„Убеден сум дека овој тим на Наполи е посилен од минатата сезона. Верувам дека ќе продолжиме да играме одлично но, мора да ги почитуваме другите“ – рече Де Лаурентис.
Наполи и Милан го делат првото место на табелата во Серија „А“ со 28 бодови или еден повеќе од Интер и Рома.

