Напаѓачот на фудбласкиот состав Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вчера на мечот со Фулам успеа да го забележи 100-от гол во Премиер-лигата.
„Мислам дека луѓето што го гледаа натпреварот дома уживаа во него. Беше луд натпревар, девет голови се многу“ – рече Норвежанецот по триумфот со 5:4.
„Постигнувањето 100 гола во Премиер лигата е фантастично и навистина сум горд. Секако дека е огромно достигнување“ – беа зборовите на Халанд

