Ливерпул не успеа да победи на пет од последните седум домашни натпревари во сите натпреварувања. Екипата на Арне Слот синоќа одигра нерешено со Сандерленд (1:1) во 14-то коло од Премиер лигата и ја продолжи низата од три натпревари без победа пред своите навивачи.
Во претходните два натпревари на „Енфилд“, „црвените“ беа поразени прво од Нотингем (0:3), а потоа и од ПСВ (1:4).
Од 19 октомври, Ливерпул загуби и од Манчестер Јунајтед (1:2) и Кристал Палас (0:3), а победа само против Астон Вила (2:0) и Реал Мадрид (1:0).
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра дома на 13 декември против Брајтон.

