Реал Мадрид е сериозно агрижен за повредите на Трент Александар-Арнолд и Едуардо Камавинга.
Двајцата играчи се повредија на вчерашниот натпревар од Ла Лига против Атлетик (3-0). Трент беше заменет во 55-тата минута, Камавинга во 69-тата.
Според „Марка“, по првичните прегледи, од Реал Мадрид велат дека повредите изгледаат загрижувачки. Трент и Камавинга денес ќе бидат подложени на дополнителни прегледи, кои ќе ги утврдат конечните дијагнози.

