Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, зборуваше за состојбата на повредените играчи на неговиот тим пред натпреварот од 15-то коло од шпанската Ла Лига против Бетис.
„Феран Торес може да игра. Не сум сигурен дали ќе започне, но ми е мило што се врати. Дефинитивно ќе добие време за игра. Дани Олмо е добар играч. Вакви работи се случуваат во фудбалот и ќе мора да се справиме без него. Не сум сигурен дали Френки де Јонг ќе започне веднаш, но тој го одигра целиот тренинг, па ќе видиме“, рече Флик за официјалната веб-страница на клубот.
По 15 одиграни натпревари во шпанското првенство, Барселона е на чело на табелата со 37 бода. Бетис е на петтото место со 24 бода.

