Објавата на Мохамед Салах на социјалните мрежи дека сака да си замине од Ливерпул, само ја продлабочува лошата ситуација во клубот од „Енфилд“.
Медиумите наведуваат дека првите луѓе од спортскиот дел на тимот побарале состанок со сопствениците откако дел од фудбалерите се пожалиле дека не се задоволни со работата на менаџерот, Арне Слот.
Сепак, анализите велат дека проблемот е однесувањето на Салах кој најави дека може да си замине во јануари.

