Фудбалерите на Интер доцна синоќа го совладаа Комо со 4-0 во меч од Серија „А“, но, нивниот тренер, Кристијан Киву, има забелешки за прикажаното.
„Можевме да одиграме многу подобро. Во првото полувреме можеби бевме премногу брзи и потрошивме многу енергија во пресингот“ рече тренерот на „нероаѕурите“.
„Можевме многу подобро да го контролираме темпото во тој период. Мораме да бидеме трпеливи со новите фудбалери“ – рече Киву.

