Главниот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се огласи по поразот на неговиот тим од Селта Виго со 0:2 во 15-то коло од шпанското првенство.
„Сите преземаме одговорност. Сите сме заедно во ова, и во добри и во лоши времиња. Не треба да гледаме премногу далеку напред. Ситуацијата е тешка поради повредите, па затоа мора да правиме промени во секој натпревар. Ќе видиме што ќе се случи во среда. Поразот е одговорност на сите, не само на играчите, на тренерскиот персонал или на клубот. Треба да сакаме да направиме сè како што треба и да пристапиме кон секој натпревар како најважен. Денес загубивме три важни бода, но тоа не е одлучувачки фактор. Сè уште има долг пат. Тоа е одговорност на сите и сите мора да работат заедно“, рече Алонсо на официјалната веб-страница на клубот.
По 16 одиграни натпревари во шпанското првенство, Реал Мадрид е втор на табелата со 36 бода. Селта Виго е на 10-то место со 19 бода.

