Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги коментираше резултатите од последното коло од англиската Премиер лига.
Второпласираниот Манчестер Сити го победи Сандерленд со 3:0, додека првопласираниот Арсенал загуби со 2:1 од Астон Вила. Како резултат на тоа, разликата на Сити во однос на „топџиите“ се намали на само два бода.
„Според моето искуство – простете ми, не сакам да звучам арогантно, но имам искуство со освојување на Премиер лигата и други титули – станува збор за конзистентност.
А конзистентноста доаѓа само од едно нешто: како играте. Не од резултатите од еден ден или победа што ви овозможува да ја намалите разликата на два бода или да поведете со четири бода. Конзистентноста мора да биде во тоа како настапувате, како растете во текот на годината. Овие 90 минути беа можеби едни од нашите најдобри настапи оваа сезона. Мислам дека дури и ако Арсенал испушти бодови, тие загуби ќе бидат многу малку. Ако сакаме да завршиме први, треба да победуваме одново и одново. Сè зависи од тоа како играте, не само од добар ден или успешен настап“, изјави Гвардиола по мечот со Сандерленд.

