Коди Гакпо и Федерико Киеза се на листата на недостапни и вечерва нема да му бидат на располагање на менаџерот на Ливерпул Арне Слот за гостувањето во Милано против Интер.
„Црвените“ ќе играат тежок меч во 6-тото коло од лигашкиот дел на Лигата на шампионите .
Слот, на прес-конференцијата вчера објави дека Киеза е болен. Доколку Италијанецот не се опорави, нема да може да игра против „росонерите“.
Специјалистот исто така објави дека Коди Гакпо ќе биде надвор од игра неколку недели. Холанѓанецот се повредил на натпреварот од Премиер лигата во саботата против Лидс (3-3).

