Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, го коментираше поразот од италијанската Аталанта (1:2) во натпреварот од 6-то коло од групната фаза на сезоната 2025/2026 во Лигата на шампионите.
„Аталанта има многу добри играчи. Едерсон, Лукман, Де Кетелаере… Сè се промени откако го примивме првиот гол. Од тој момент малку ја изгубивме контролата. Пред тоа, ја имавме контролата врз играта и изгледавме многу добро“, рече Мареска во изјава за официјалниот веб-сајт на УЕФА.
По овој натпревар, италијанскиот клуб има 13 бода и е трет на табелата во Лигата на шампионите, додека Челзи има освоено 10 бода и се наоѓаат на 11-то место.

