Претседателот на фудбалскиот состав Милан, Паоло Скарони, вели дека прво размислува за Лигата на шампионите а потоа околу евентуално освојување на „Серија „А“.
„Секогаш гледам напред полн со надеж. Јас и Макс Алегри повторуваме дека имаме една цел: да бидеме во Лигата на шампионите во наредната сезона, бидејќи Милан секогаш мора да биде таму“ – рече Скарони.
„Мора да бидеме на сцената на светскиот фудбал. Мислам дека е клучно што имаме тренер како Алегри кој е искусен и компетентен“ – беа дел од зборовите на првиот човек на „росонерите“.

