МВР објави дека доцна синоќа бил приведен навивач од Словачка а на 10 други не им бил дозволен влез во Македонија поради агресивно и недолично однесување во авион и по слетувањето во Скопје.
Повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го привеле Л.Т.(38) од Словачка.

