Неименуван клуб од Саудиска Арабија му понудил на крилниот напаѓач на Ливерпул и египетскиот репрезентативец Мохамед Салах договор вреден 2,5 милиони фунти неделно (120 милиони фунти годишно), објавија медимути од Островот.
Салах претходно се судри со раководството на Ливерпул и тренерот на првиот тим, Арне Слот, обвинувајќи го вториот за непочитување.
33-годишниот Мохамед Салах игра за Ливерпул од летото 2017 година. Со „Црвените“, крилниот напаѓач ги освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, домашните купови, Светското клупско првенство на ФИФА и други трофеи.
Оваа сезона, Салах одигра 19 натпревари на клупско ниво, постигна пет гола и имаше три асистенции.

