Турнејата на аргентинската легенда Лионел Меси не започна како што беше планирано. Фудбалските фанови кои дојдоа на стадионот „Солт Лејк“ во Калкута беа крајно разочарани од појавувањето на Меси на теренот.
Тој беше опкружен со огромен број ВИП гости, кои им спречија навивачите да го гледаат. Ова доведе до сериозно незадоволство кај навивачите на трибините, кои почнаа да кршат седишта и да ги фрлаат на теренот.
Меси е во Индија како дел од турнејата на која ќе присуствува на концерти, младински фудбалски тренинзи, турнир во падел и ќе започне добротворни иницијативи на настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Делхи.

