„Скај Германија“ објави дека германскиот шампион Баерн планира да контактира со агентскиот тим на Марк Гуеи уште на Нова Година, кога ќе има помалку од шест месеци од договорот со Кристал Палас.
Гуеи е многу баран централен дефанзивец кој беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето. Трансферот пропадна откако Палас не успеа да обезбеди замена за него пред затворањето на летниот преоден рок.
„Скај“ објави дека главниот фудбалски директор на Баерн, Макс Еберл, е решен да започне разговори со Гуеи што е можно поскоро.

