Денеска стана јасно зошто напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, не играше против Осасуна на вчерашниот меч и цел дуел го преседе на клупата за резерви.
37-годишниот Полјак не играше поради проблем со задниот дел од бутот, јави Радио Каталуња.
Левандовски можеше да влезе во игра 15 минути доколку беше потребно. Сепак, по првиот гол во 70-тата минута, таа опција беше исклучена. Оваа сезона, Левандовски одигра 17 натпревари во сите натпреварувања, постигна 8 гола и имаше 2 асистенции.

