Манчестер Јунајтед денеска на легендарниот стадион – „Олд Трафорд“ ќе му биде домаќин на Борнмут во натпревар од 16-то коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ ако победат ќе останат во трката за челните позиции што обезбедуваат излез во Европа во наредната сезона.
Гостите пак, се наоѓаат на 14-то место или на релативно безбедно растојание од зоната за испаѓање. Мечот ќе го суди Сајмон Хупер.

