Денеска беше потпишан договор за ново спонзорство и партнерство меѓу Пивара Скопје и Ракометната Федерација на Македонија. Со тој свечен чин, официјално се одбележуваат 45 години континуирано партнерство и поддршка на македонскиот спорт и развојот на ракометот, нагласи Огњен Лазиќ – Генерален директор на Пивара Скопје.
„Тоа што го поддржуваме 45 години сакаме и понатаму да го поддржиме. Да развиваме тимски дух, спортска култура и вистински вредности кои ги споделувате. Ние сме тука со обврска да обезбедиме подобра иднина и простор за работа на секое дете, секој талент да има инфраструктура, терен, добар тренер и почит што ќе му овозможи да расте и да се развива. – рече Лазиќ.
Задоволство и благодарност за поддршката и спонзорството од страна на – „Пивара Скопје“, изразија и претседателот на РФМ, Александар Стефанов и спортскиот координатор на машките селекции во федерацијата, Филип Миркуловски.

