Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, се осврна на вчерашното реми против Бурнмаут 4:4 во 16-то коло во Премиер Лигата.
„Многу сме разочарани. Беше луд натпревар. Можеби изгледа како да изгубивме два бода во второто полувреме но, мислам дека ги изгубивме во првото.“ – рече тренерот на „црвените ѓаволи“.
„Доминиравме и создадовме многу шанси. На крајот, заслуживме повеќе. Се обидуваме да направиме најдобро што можеме“ – вели Аморим.

