Британецот Пол Дојл, кој со автомобилот се заби во толпа навивачи на Ливерпул за време на парадата за освоената шампионска титула во Премиер лигата минатата сезона, беше осуден на 21 година и шест месеци затвор. Инцидентот се случи на 26 мај оваа година.
Според „Скај њуз“ на социјалните мрежи, 54-годишниот маж е прогласен за виновен по 31 обвинение поврзано со 29 жртви, на возраст од шест месеци до 77 години. На суд беа пуштени снимки на кои се слуша како Дојл се лути затоа што не можел да вози по патот поради навивачите.
Вкупно, според извештаите на медиумите, во инцидентот беа повредени повеќе од 134 лица. Дојл, кој го возел својот Форд Галакси, бил приведен на местото на настанот.

