Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Неделковски: Вардар се консолидира финансиски и резултатски, Седлоски останува тренер на Вардар и на пролет
    Фудбал

    Неделковски: Вардар се консолидира финансиски и резултатски, Седлоски останува тренер на Вардар и на пролет

    risteBy riste17/12/2025No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на ФК Вардар по подолга пауза се врати на врвот на македонскиот фудбал, а ја заврши ова аполусезона како есенски првак. На денешната прес-конференција извршниот директор на клубот, Миленко Неделковски, ја потенцираше досегашната борба на клубот која бида за финансиска консолидација, а потоа и резултатска. Тој појасни дека сегашната управа формално и правно го води клубот 13 месеци, по претходен четиримесечен транзициски период. Во тој период, според него, наследената финансиска состојба била далеку потешка од првичните проценки.

    „Ми беше презентирано дека долгот изнесува околу 2,5 милиони евра, но уште тогаш не ми изгледаше реално. Денес е јасно дека сумата била значително поголема“, истакна Неделковски.

    Една од клучните мерки била деблокадата на сметката на клубот, која била блокирана од Управата за јавни приходи. За таа цел, Вардар обезбедил гаранција во недвижен имот во вредност четири пати поголема од долгот, што овозможило репрограмирање на обврските на 36 рати, од кои досега се исплатени 11. Целосно е расчистен и долгот кон ПУИГ, во износ од околу 200.000 евра, исплатен на 12 рати, додека блокадата од приватни лица, тешка околу еден милион евра, е целосно подмирена. Дополнително, клубот ги исплатил и побарувањата на поранешни фудбалери и функционери, меѓу кои Горан Попов (250.000 евра), Брдаревски (150.000), Демир (100.000), Цветановски (90.000) и Панчев (70.000 евра), како и други договорни обврски кои биле сервисирани на рати.

    Неделковски информираше и дека досега се отпишани долгови во износ од околу 420.000 евра, а како следен чекор најави обид за отпишување и на обврските кон Сергеј Самсоненко, кои изнесуваат околу 2,5 милиони евра, при што напомена дека и на отпишаните долгови се плаќа данок.

    „Кога ќе се соберат сите овие суми, станува јасно дека Вардар бил во многу подлабока финансиска криза од тоа што се мислеше. За клубот да биде целосно финансиски ‘фит’, ќе бидат потребни уште најмалку две години, бидејќи постојат судски решенија и стари договори што мора да се реализираат“, нагласи Неделковски.

    Покрај финансиската стабилизација на клубот се работело и на организациско заздравување. При преземањето на клубот, тренинг-центарот бил затворен и нефункционален, а екипата тренирала на различни локации. Со итна интервенција, Вардар повторно влегол во тренинг-центарот, кој бил во лоша состојба, а целта е во наредната година истиот да биде запишан на име на клубот. Во меѓувреме, зголемен е бројот на неизвршни директори за поголема контрола, формиран е медицински тим, набавена е нова спортска опрема, а започнати се и активности за формирање женски фудбалски клуб, кој идната сезона ќе стартува од Втората лига.

    И покрај тоа што резултатите не биле примарен фокус, напредокот е очигледен и на теренот. Минатата сезона Вардар бил претпоследен со 13 бода и гол-разлика 13-29, додека во актуелната сезона тимот има 42 бода по 16 одиграни натпревари и гол-разлика 40-15.

    Неделковки пред медиумите ја потврди информацијата дека Гоце Седлоски останува на клупата на ФК Вардар, без разлика од епилогот на преговорите со ФФМ.

    „Околу статусот на Гоце Седлоски, тој и стручниот штаб ќе го водат клубот и за време на пролетта и меѓународните настапи ова лето. Што се однесува до нас, тој е наш тренер. Дали ќе биде селектор или не, тоа не е прашање за мене.“, изјави Неделковски.

    Подготовките за пролетниот дел од сезоната стартуваат на 13 јануари, а главниот дел ќе се одржи во Сиде, Турција, каде Вардар ќе одигра контролни натпревари против Јаблонец, Мотор Лублин, екипи од Јужна Кореја, Махачкала, Ахмат Грозни и Алашкерт.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.