Бразилскиот клуб Флуминензе и 41-годишниот централен дефанзивец Тијаго Силва го раскинаа договорот. Бразилскиот фудбалер настапуваше за оваа екипа од јули 2024 година.
Минатата сезона, Тиаго Силва одигра 46 натпревари за тимот во сите натпреварувања (25 во Бразилското првенство), постигнувајќи четири гола и една асистенција.
Во последните денови се повеќе се пишува дека Тиаго Силва повторно ќе се врати во Европа, но останува да видиме во кој клуб.

