Британски „Гардијан“ пишува дека Ливерпул ги договорил личните услови со Семењо и дека се надева на активирање на откупната клаузула во јануари. Оваа информација доаѓа непосредно после шок веста дека Исак се здобил со скршеница на ногата и ќе отсуствува од терените неколку месеци.
Семењо го одбил Тотенхем и самиот потенцираше дека сака трансфер во редовите на „црвените“. Според Фабрицио Романо откупната клаузула на Семењо од 65 милиони фунти важи до 10 јануари.

