Денеска не напушти еден великан на македонскиот фудбал и спорт – Васил Рингов. Некогашниот голгетер на скопски Вардар ќе остане запаметен како еден од најдобрите фудбалери кои Македонија ги имала некогаш. За помладите и оние кои немале можност да го гледаат во живо, потсетување на некои моменти и голови од кариерата на Рингов.

