Манчестер Сити влегува во напредна фаза од преговорите со напаѓачот на Борнмаут, Антоан Семењо, објавија дел од медиумите во Англија.
25-годишниот интернационалец од Гана има одлични настапи во континуитет и затоа го привлече вниманието на фудбалските гиганти од Европа.
Договорот на Семењо вклучува клаузула за ослободување во вредност од 65 милиони фунти која важи до 10 јануари. Манчестер Сити ќе се обиде да издејствува да ја плати на рати.

