По смртта на легендарниот вардаров фудбалер и поранешен наш репрезентативец, Васил Рингов, на социјалните мрежи реагираше неговиот некогашен соиграч, Чеде Јаневски.
„Мој пријател и колега Васе, ќе останеш запаметен по добрината и спомените што ги создававме заедно. Често кога бев во Македонија наоѓав време за средба со Рингов и останатите вардарци“ -објави Јаневски
„Со длабока благодарност и тага се простуваме од него. Сочувство пред се до неговата фамилија, нека почива во мир“, напиша Чеде Јаневски, некогашниот соиграч на Васе Рингов од деновите минати во Вардар.

