Дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен, му се извини на напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак, за грубиот старт што доведе до сериозната повреда на шведскиот напаѓач. Тој јасно стави до знаење дека неговите постапки не биле намерни.
„Едноставно се обидував да го блокирам неговиот удар, без никаква злонамерна намера. За жал, ногата на Исак ми се лизна меѓу нозете… Му испратив порака да му посакам побрзо заздравување и се најдобро, а тој ми одговори. Се надевам дека ќе го видам назад на теренот што е можно поскоро“, изјави Мики ван де Вен, за „Скај Спортс“.
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, претходно го нарече стартот на Мики ван де Вен опасен и неодговорен. Шведскиот напаѓач Исак се приклучи на Ливерпул во последниот преоден рок. Тој одигра 16 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи три гола и една асистенција.

