Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, верува дека Ливерпул треба да го засили составот на неколку позиции ако сака да остане конкурентен во трката за шампионскиот пехар во Премиер лигата.
„Ливерпул би можел да го земе за пример Манчестер Сити кој во еден трансфер период донесе неколу играчи и излезе од проблемите“ – вели поранешниот дефанзивец.
„ Доколку Арне Слот нема уште еден напаѓач и централен дефанзивец до крајот на јануари, неговиот тим ќе се измачува за да влезе меѓу првите четири на табелата“ – потенцираше Карагер.

