Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, излезе со пофални зборови за фудбалерот, Рајан Черки, кој на вчерашниот меч со Нотингем Форест имаше еден гол и една асистенција и беше најзаслужен за победата од 2-1.
„Има моменти кога му викам и моменти кога сакам да го бакнам, па имам мешани чувства за него. Сакам да го оставам да го изрази неверојатниот талент. Треба да играме подобро на бековските позиции за да може да добива повеќе топки“ – рече Шпанецот.
„Успехот е вреден и поради квалитетот на противникот. Шон Дајч создаде навистина врвен, врвен тим“ – рече Гвардиола.

