Ѕвездата на Јувентус, Душан Влаховиќ, останува една од главните цели на Барселона како замена за Роберт Левандовски. Каталонскиот гигант веќе направил првични распрашувања за можноста за потпишување на напаѓачот, објавува шпанскиот весник „Марка“.
Договорот на српскиот интернационалец со клубот од Торино истекува на крајот од сезоната, што го прави уште попривлечна цел на трансфер пазарот. Каталонците бараат долгорочна замена за Левандовски, чиј тековен договор исто така важи до јуни 2026 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона.
Според информациите, главната опција на Барселона е да преговара за трансферот на Влаховиќ како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, не е исклучено шпанскиот клуб да се обиде да го потпише 25-годишникот во јануарскиот преоден рок за намалена цена, иако тоа е малку веројатно со оглед на тоа што поранешната ѕвезда на Фиорентина нема да биде достапна до март 2026 година откако претходно овој месец беше подложен на операција за поправка на скината тетива на левата аддукторска мускулатура.
Влаховиќ досега постигна шест гола на 17 натпревари за Јувентус оваа сезона.

