Алваро Мората, фудбалерот на италијанскиот состав Комо, се осврна на годината што помина. Тој им се обрати на фановите.
„Беше тешка година лично и професионално, една од оние што ве потресуваат и ве тераат да се гледате себеси однадвор. Година во која научив да не дозволувам туѓите мислења да ми прават притисок“ – вели напаѓачот.
„Разбрав дека не морам ништо да докажувам на никого. Тие што се покрај мене навистина ме разбираат и го знаат тоа“ – напиша напаѓачот на социјалните мрежи.

