Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Роберто Карлос отпуштен од болница по операција на срце 
    Фудбал

    Роберто Карлос отпуштен од болница по операција на срце 

    risteBy riste02/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Интер, Фенербахче и неколку други клубови, Роберто Карлос, е отпуштен од болницата каде што му беше извршена операција на срце, објави „Мундо Депортиво“.

    52-годишниот Бразилец објави фотографија на социјалните мрежи со лекарите кои ја извршија операцијата, а во описот напиша: „Му се заблагодарувам на целиот медицински персонал за нивното внимание и грижа“.

    На 31 декември 2025 година, лекарите открија згрутчување на крвта во ногата на Бразилецот за време на преглед. По анализа на целото тело било откриено дека неговото срце не функционира правилно. Роберто Карлос беше хоспитализиран за операција, која, поради компликација, траеше три часа наместо предвидените 40 минути.

    Роберто Карлос играше за Реал Мадрид од 1996 до 2007 година. Со мадридскиот клуб освои четири шампионски титули во Шпанија и три титули во Лигата на шампионите. Исто така, го освои и Светското првенство во 2002 година со бразилската репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.