Челси сосема неочекувано одлучи да се раздели со тренерот Енцо Мареска на почетокот на оваа календарска година и со тоа си отвори нов проблем, прашање кое ќе мора да го реши, затвори во наредниов период. Едно име според информациите на медиуми се издвојува како прв фаворит за наследник на Италијанецот, а тоа е некогашниот младински репрезентативец на Англија, Лијам Росениор.
Тој од 2024 година го предводи составот на Стразбур, тим со кој имаше добра прва сезона и го одведе во Европа, а со тоа го привлече вниманието.
„Ќе зборувам за Ница бидејќи тоа е мојата работа. Има многу врева, многу шпекулации, но како тренер, ако се вклучиш во тоа, пропаѓаш. Мојата работа е тука, го сакам овој клуб. Не сакам да гарантирам колку долго ќе бидам тука, но уживам тука секој ден. Го сакам овој клуб, но не можам ништо да гарантирам. Никој не може да го направи тоа“, порачал Росениор, запрашан за тоа дали имало контакти со Челзи.

