Дефанзивецот на Ал-Хилал, Жоао Кансело, има намера да почека понуда од Барселона во зимскиот преоден рок.
Според „Диарио Спорт“, каталонскиот клуб ја истражувал можноста за трансфер преку агентот на Португалецот, но сега смета дека враќањето на Кансело е малку веројатно и од финансиски причини (играчот има висока плата) и од спортски.
Интер моментално води во трката за Кансело, но, Жоао има намера да почека одговор од Барса. Според Фабрицио Романо, дефанзивецот би го избрал каталонскиот клуб доколку добие понуда.

