Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер го соопшти планот за зимските подготовки кои ќе бидат од големо значање пред предизвиците кои престојат во преостанатиот дел од натпреварувачката 2025/2026.
„Зелено-белите“ ќе стартуваат на 9 јануари во Битола по што потоа ќе следи патување во Турција каде екипата ќе биде во Анталија од 17 до 31 јануари.
Тука Пелистер ќе има три пријателски средби со противници од Србија, Босна и Херцеговина и Узбекистан.
20 јануари – Пелистер – Спартак Суботица (Србија)
24 јануари – Пелистер – Железничар (БиХ)
28 јануари – Пелистер – Невбахор Наманган (Узбекистан)

