Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашното реми со Челзи во дербито на Премиер-лигата, изјави, дека е задоволен од играта на неговите избраници.
„Не се согласувам дека ја изгубивме контролата. Тие постигнаа гол и затоа го анализирате резултатот. Секако дека го забрзаа темпото, беа далеку поинтензивни во нивниот пресинг и имаа шанси“ – рече Шпанецот.
„Немаат млади играчи таму туку врвни. Значи, да се има контрола 90 минути против таков тим е исклучително тешко“ – рече тренерот на „граѓаните“.

