Aлександар Коларов кој е дел од стручниот штаб на Интер, проговори пред новинарите по вчерашната победа против Болоња во 18-то коло во Серија „А“. Тој на пресот го замени КИву кој имал проблеми со гласот.
„Господинот (Киву) виде дека на натпреварот во Ријад создадовме многу шанси но, малку реализиравме во второто полувреме. Тој сакаше работите вечерва да бидат поразлични и тимот играше добро од првата минута.“ – рече Коларов.
„Интер беше блиску до титулата во изминатата година. Работевме многу и тимот напредува. Ние сме на врвот на табелата но, сè уште има многу работа“ – рече помошникот на Киву.

