Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, упати критики до неговите избраници по вчерашниот пораз од Наполи во дербито на серија „А“.
„Поразот се должи на фактот дека Наполи е посилен тим од нас. Имавме лошо прво полувреме и сигурно можевме да играме подобро“ – рече Сари.
„Кога се соочувате со толку напаѓачки бекови, тоа е проблем за секој тим. Центаршутот за првиот гол беше бавен и лесен за предвидување. Направивме неколку грешки“ – нагласи тренерот на „римските орли“.

