Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Сити потврди: Гвардиол мора на операција поради скршеница на десната нога
    Фудбал

    Манчестер Сити потврди: Гвардиол мора на операција поради скршеница на десната нога

    risteBy riste06/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Манчестер Сити потврди дека Јошко Гвардиол има фрактура на десната тибија (коска на потколеницата на десната нога) и ќе биде подложен на операција во текот на оваа недела.

    Од „Етихад“ не прецизирале колку долго ќе отсуствува, но според англиските медиуми, постои сериозен ризик сезона за него да заврши. Во Хрватска постојат стравувања дека централниот дефанзивец можеби нема да може да се опорави на време за Светското првенство.

    Хрватскиот портал „24sata“ истакнува дека овие повреди обично бараат помеѓу 4 и 6 месеци, а во потешки случаи периодот на опоравување може да се зголеми на 9 до 12 месеци.

    Самиот Гвардиол увери на социјалните мрежи дека овој тежок период нема да го скрши и дека ќе се врати посилен, заблагодарувајќи се за поддршката.

    Кадровската криза во одбраната веројатно ќе го принуди Манчестер Сити да бара нов играч за време на јануарскиот преоден рок.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.