Легендата на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, се насочи кон моменталната ситуација во клубот кој остана без менаџер откако Рубен Аморим заработи отказ.
„Луј ван Гал имаше негова филозофија. Жозе Мурињо одреден стил . Дејвид Мојс го прави истото. Ерик тен Хаг и Рубен Аморим не се вклопија во Манчестер Јунајтед“ – рече Невил.
„Клубот мора да преземе ризици и да пронајде тренер кој ќе наметне агресивен, напаѓачки и атрактивен фудбал“ – рече некогашниот играч на „црвените ѓаволи“.

