Бразилскиот дефанзивец Тијаго Силва го коментираше неговото враќање во португалскиот гигант Порто. 41-годишниот ветеран потпиша договор со клубот до крајот на јуни 2026 година, со опција за продолжување за уште една година.
„Поминаа повеќе од 20 години, но се чини како вчера. Се вратив во овој прекрасен клуб и во градот каде што започна мојата европска авантура. Ова е место што можам да го наречам дом. Едвај чекам да почнам да работам и да возвратам на сета љубов што ја добивам од клубот и навивачите! Се гледаме наскоро, навивачи на Порто!“, напиша фудбалерот во објава на социјалните мрежи.
Тијаго Силва беше дел од Порто на почетокот на својата кариера – од јануари до јули 2005 година. Потоа играше за вториот тим на Порто, пред да се пресели во Динамо (Москва).
Во својата богата кариера, дефанзивецот ги носел и дресовите на Хувентуд, Милан, Пари Сен Жермен и Челзи. Неговиот последен тим беше Флуминенсе.

