Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги сподели своите мисли за моменталната состојба во трката за титулата во Премиер лигата.
„Граѓаните“ имаат три последователни нерешени натпревари во англиската лига: еден нерешен резултат без голови со Сандерленд и два нерешени натпревари 1:1 против Челзи и Брајтон.
„Не сме победиле три натпревари по ред. Сега стана потешко да се освои шампионатот. Ќе продолжиме понатаму“, рече Гвардиола во кратката изјава за „Би-Би-Си“.
Манчестер Сити има 43 бода од 21 одигран натпревар, пет бода зад лидерот Арсенал, кој има натпревар помалку, оној со Ливерпул вечерва.

