Синоќа во Џеда се одигра финалето на шпанскиот Суперкуп, во кое Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 и го освои трофејот.
Пред почетокот на натпреварот беа објавени почетните состави. Првично, Реал Мадрид требаше да започне со Арда Ѓулер , но тренерот на Мадрид, Чаби Алонсо, набрзо го измени составот, давајќи му на Гонзало Гарсија место во стартниот состав.
Медиумите од Шпанија подоцна открија дека вклучувањето на Ѓулер во почетниот состав било техничка грешка – вклучувањето на Гарсија во почетниот состав било планирано уште од самиот почеток. За потсетување, Рафиња (двапати) и Роберт Левандовски ги постигнаа головите за Барселона. Винисиус и Гонзало Гарсија ги постигнаа головите за Реал Мадрид.

