Мајкл Карик треба да биде назначен за времен менаџер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед откако преговорите влегле во завршна фаза, најавија дел од медиумите во Англија.
Поранешниот играч од средниот ред кој сега има 44 години, беше со таква улога во Јунајтед од ноември до декември во 2021 година.
Спортскиот директор на „црвените ѓаволи“, Џејсон Вилкокс, тврди дека одлуката ќе биде донесена набрзо.

