Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, ја оцени победата на теренот на Челзи во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија.
„Бев импресиониран од Арсенал како го одигра целиот натпревар на гостински терен против квалитетен тим одсекој аспект.“ – рече Артета.
„Доминиравме, постигнавме три гола и имавме уште две шанси. Вториот гол на Челзи малку го промени натпреварот но, генерално сум многу задоволен“ – нагласи тренерот на „топчиите“.

